Бугарите почнаа со плачење: Македонија ЃП – ЦСКА да се игра во Ниш – тензично е во Скопје!?

Освојувачот на македонскиот Куп, Македонија ЃП ѝ даде само 60 билети на ЦСКА Софија за пресметката идниот четврток во Скопје во првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига, па од Софија веднаш почнаа со – плачење.

Бугарските медиуми ја оценија одлуката на „лавовите“ како тежок пораз за софискиот гигант, ама бугарски „Труд“ отиде до таму, што дури (по)бара УЕФА да реагира и мечот да не се игра во Скопје, туку на неутрален терен во Ниш (?!)

Мечот на „лавовите“ и „армејците“ треба да се игра на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски“, па сега Бугарите иницираат проблем каде што го нема, дека УЕФА требала да реагира, па дури и посочуваат промери во кои Ерменија и Азербејџан, како и Русија и Украина, поради затегнати односи не играат меѓусебе, ниту клупски, ниту репрезентативно.

„Само 60 билети доби ЦСКА за првиот меч и причината е препораката од локалните власти, поради антибугарските протести. И сега прашање е дали мечот треба да се игра во македонската престолнина? УЕФА има пракса да реагира веднаш ако има политички тензии и ваквите мечеви ги 'праќа' на неутрален терен. Во овој случај, дури решението е и наједноставно, Ниш е близу до двата главни градови. ЦСКА треба да реагира и УЕФА многу веријатно ќе ја направи промената. За реваншот не би имало проблем да се игра во Софија“, пишува „Труд“.