Барселона не знае каде да биде домаќин во нокаут-фазата во ЛШ!?

Каталонскиот гигант Барселона сè уште знае каде ќе биде домаќин во нокаут-фазата на Лигата на шампиони (ЛШ), а тоа е дополнителен проблем за претседателот Жоан Лапорта и неговиот стручен штаб.

„Марка“ пишува дека Европската куќа на фудбалот (УЕФА) пред почетокот на натпреварите од елиминациската фаза бара од тимовите да потврдат каде ќе бидат домаќини.

Реконструкцијата на „Камп Ноу“ се одложи и најверојатно стадионот нема да биде готов до крај на сезоната, а од друга страна Барселона има договор до пролет и нема право да организира европски натпревари на „Монжуик“ во завршницата од сезоната.

Барселона има три опции каде да биде домаќин, а тоа се стадионите „Ел Прат“, „Месталја“ и „Ванда Метрополитано“.