Бабел падна како покосен имитирајќи го противникот (ВИДЕО)

Неретко поедини фудбалери се обидуваат да симулираат за да украдат по некоја минута при поволен резултат за нивата екипа, а еден таков момент имаше вечерва на дуелот меѓу Хетафе и Ајакс.

Откако Ниом падна по дуелот со Бабел, играчот на шпанската екипа остана да лежи на тревата со намера судијата да го прекине натпреварот.

Незадоволен од одлуката на судијата, Бабел во еден момент сам падна на трева и почна да го имитира Ниом.