Атлетико и Дортмунд со минималец ќе патуваат на реванш натпреварите во ЛШ (ВИДЕО)

Екипите на Атлетико Мадрид и Борусија од Дортмунд со минимални победи ќе патуваат на реванш натпреварите од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид пред своите гледачи славеше против актуелниот европски и светски шампион, Ливерпул, со минимални 1-0, а погодокот беше постигнат уште во четвртата минута. Патот до мрежата умешно го најде Саул.

Во вториот меч, се се случи во осум минути. По мирното прво полувреме, екипите на Дортмунд и ПСЖ распалија во вториот дел, поточно од 69. минута кога Халанд му донесе водство на домашниот тим од 1-0. Седум минути подоцна Нејмар израмни на 1-1, а конечните 2-1 за Дортмунд ги постави норвешкото чудо од дете во 77. минута. Ова за Халанд е десетти погодок во Лигата на шампиони оваа сезона, откако осум постигна во дресот на Салцбург.