Англиска доминација во ЛШ: Премиерлигашите славеа на сите домашни натпревари!

Премиерлигашите сезонава играат одлично на домашен терен во Лигата на шампиони, па така Челси, Ливерпул, Манчестер сити и Манчестер јунајтед ги добија сите 11 меча кои ги одиграа сезонава во елитното натпреварување пред својата публика.

Ова е одличен податок за англиските гиганти, кои притоа постигнаа дури 33 гола, па сериозно се наметнуваат како најсериозни кандидати за освојување на титулата во ЛШ.