
Анчелоти остана без уште еден дефанзивец пред плеј-офот во Лигата на шампионите
Лукас Васкез заработил повреда и според информациите од медиумите го чека пауза од околу три недели.
За Анчелоти ова е дополнителен проблем бидејќи надвор од терените веќе се дефанзивците: Милитао, Рудигер, Алаба и Карвахал.
Реал Мадрид во вторник го чека натпреварот против Манчестер сити во плеј-офот за осминафинале во Лигата на шампионите. Пред овој дуел Анчелоти на десната бековска позиција го има само Федерико Валверде.