
Алкантара се врати во Барселона
Поради проблемите со повреди Алкантара објави крај на кариерата на 33 години, а веднаш започна и тренерска кариера во каталонскиот гигант.
Алкантара ќе ја има улогата на помошник во стручниот штаб на Ханси Флик. Шпанецот е некој кој добро ја познава Барселона, а соработуваше и со Флик во Баерн, па токму затоа германскиот стратег се одлучи да го доведе.
Со Барселона Алкантара ќе патува и на предсезонската турнеа во САД. Покрај Барселона и Баерн, Алкантара играше и за Ливерпул каде што ја заврши кариерата.