Албанска екипа прекина меч во ЛШ поради скандирање „Косово е Србија“ (ВИДЕО)

Борац Бања Лука славеше со 1-0 против албанска Егнатија во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ), но во финишот се случи прекин поради скандирањето на навивачите од трибините.

Навивачите во 70. минута почнаа да скандираат „Косово е Србија“, по што фудбалерите на албанскиот тим го напуштија теренот и го прекинаа мечот.

Неколку минути подоцна натпреварот продолжи, а голот за победа на екипата на Дамјан Шишковски беше постигнат во судиското надополнување.