Ајакс, Славија Прага и Клуб Бриж на чекор до групната фаза во ЛШ

Гостинските екипи ќе мора да бидат задоволни по првите натпревари од плејоф фазата за Лигата на шампиони, откако Ајакс ремизираше против АПОЕЛ, додека минимална предност забележаа Славија Прага над Клуж и Клуб Бриж против Ласк Линц.

Фудбалерите на Ајакс одигра одлично во Кипар, но сепак не успеаја да си заминат дома со позитива (0-0) и да си ја олеснат работата на реванш дуелот кој е на програмата за седум дена во Амстердам.

За разлика од нив, Славија Прага со голот на Масопуст (0-1) има големи шанси да обезбеди пласман во групната фаза во ЛШ, исто како и белгиски Бриж кој со истиот резултат славеше во Асвтрија. Стрелец на единствениот погодок беше Ванакен од пенал во 10. минута.