Зимската трансфер „бомба“ може да биде - Рендал Коло Муани!
Како што пренесуваат бројни извори, Французинот е на мета на бројни клубови како – Јувентус, Арсенал и Манчестер јунајтед.
Сепак, проблем во преговорите со Пари Сен Жермен е што Муани го платија 90 милиони евра и тој добива плата од 12 милиони евра годишно. Во таква ситуација позајмица изгледа како реално сценарио во зимскиот преоден рок.
Во Јувентус јасно е дека Душан Влаховиќ не може сам да ја изнесе целата сезона на сите три фронта, а исто така Артета не може да има толку доверба кај Габриел Жесус кога е Арсенал во прашање.
Манчестер јунајтед е трета опција и може да биде реалност веројатно само ако Џошуа Зиркзе замине во јануари. Холанѓанецот е ценет во Италија каде што прикажуваше одлични настапи во дресот на Болоња.