Жестока казна за Суарез - ќе мора да паузира шест натпревари

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез доби казна од шест натпревари за своето однесување во финалето од Купот на лигите против Сиетл на кој неговиот тим загуби со 0-3.

Тоа значи дека ќе ја пропушти цела идна сезона во натпреварувањето во кое учествуваат клубови од САД и Мексико, а ако Интер Мајами не стигне до финалето, казната ќе му се префрли и на 2027 година. На дуелот против Сиетл, Суарез неколку пати го удри противничкиот тренер и на крајот го плукна за што подоцна се извини, но со тоа не издејствува намалување на казната.

Суспензија, но од два меча доби Серхио Бускетс, со три е казнет дефанзивецот на Интер Мајами, Томас Авилес, а со пет натпревари членот на стручниот птав на Сиетл, Стивен Ленхарт.