Видал е голем човек: Во Барса му ја намалија платата, ама во својот клуб не ги намалува платите

Чилеанската ѕвезда Артуро Видал, колку и да е контроверзен, темпераментен, да знае да направи глупост кога е најмалку потребно, сепак има очигледно срце планина и е голем човек.

Фудбалерот на Барселона на „Камп Ноу“ профати да заработува само третина плата, откако каталонската гордост им ги намали пратите на сите ѕвезди за 70 отсто. Арно ама, никој не знае дека Видал е газда и на еден фудбалски клуб во тактковината, а во ек на големата криза, одлучил на ниту еден вработен и фудбалер во неговиот тим да не земе ни евро.

Пандемијата со коронавирусот за само еден месец направи тотален хаос во фудбалот, па практично нема клуб кој не направи сериозен рез во договорите и платите на фудбалерите, барем за периодов кога не се игра фудбал. Сепак, Видал не ни помислува во својот Редолиндо Роман да „удри“ по своите работници.

„Редолинго ќе ги почитува сите моментни договори и со чест ќе им помогне на сите во клубот и кога нема активности. Ќе излеземе од ова живи и здрави и тоа ќе го напрвиме заедно. Нема сомнение дека топката пак ќе се тркала, а гушкањето на крајот ќе биде уште посилно и помоќно – после долго чекање“, објави чилеанскиот клуб.

Видал инаку во својата татковина веќе почна хуманитарна акција со колегата Гери Медел и Црвениот крст со акција за битка проив Ковид-19.