Ван Нистелрој не се шегува: Исфрлил фудбалер од првиот тим на Лестер - живеел далеку!

На екипата на Лестер сезонава не и оди, „Лисиците“ се на претпоследното место на табелата со 17 бодови, 12 помалку од Вулвс која се првата екипа на цртата и јасно е дека стратегот Руд Ван Нистелрој го чека тешка задача во битката за опстанок.

Холанѓанецот се обидува да направи се што може за да донесе резултати поранешниот наглиски шампион, а доказ за тоа е и неговиот последен потег.

Според медиумите на Островот, Ван Нистелрој го исфрлил од првиот тим фудбалерот Хари Винкс кој одбил барем еднаш неделно да не патува до својот дом и да преноќи во близина на базата. Причината за ваквото барање од Холанѓанецот е што фудбалерот живеел на 160 километри од тренинг центарот на клубот.

Сепак, Винкс таквото барање го одбил, велејќи дека сака да биде во близина на својот неодамна роден син. На крајот спорот помеѓу двајцата ескалирал со негово отстранување од првиот тим и засега не е познато кога ќе биде повторно вратен назад.