Таварес со звукот на сирената го расплака Партизан (ВИДЕО)

Кошаркарите на Реал Мадрид по голема драма триумфираа против Партизан во Белград со 91-89 во последното коло од групната фаза во Евролигата.

Партизан успешно му парираше на шпанскиот гигант, а дури имаше и предност од 10 поени во последната четвртина, меѓутоа „кралевите“ успеаја во драматична завршница, преку Таварес со звукот на сирената да погодат за триумф.

Џенан Муса постигна 15 поени за Реал Мадрид и беше најефикасен во составот, додека Дејвис постигна 22 поени за Партизан.

Реал Мадрид е пред пласман во плејофот, но мора да се надева на кикс на Анадолу Ефес или Барселона.

Париз запиша уште триумф против Алба Берлин, а македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс постигна 10 поени, еден скок и седум асистенции.

Резултати:

Баерн – Фенербахче 77-89
Асвел – Монако 78-83
Олимпијакос – Макаби Тел Авив 99-93
Милано – Басконија 111-89
Партизан – Реал Мадрид 89-91
Париз – Алба Берлин 72-63

Фото: EPA PHOTO