
Драма во Лион: Јунајтед остана без победа, кошмарен меч за Онана! (ВИДЕО)
Алмада во 26. минута од средбата го матира Онана откако испрати незгодна топка во казнениот простор на „ѓаволите“, по што Јоро во петтата минута од судиското надополнување стрелаше за 1-1.
„Ѓаволите“ успеаја да стигнат до целосен пресврт преку Зиркзе во 88. минута од дуелот, но потоа Черки во самата завршница погоди за конечни 2-2.
На останатите натпревари Ренџерс ремизира против Атлетик Билбао (0-0), додека Тотнем одигра 1-1 против Ајнтрахт Франкфурт.