Ван Дајк остана без наградата за најдобар играч, но даде господска изјава!

Холандскиот репрезентативец Вирџил ван Дајк не беше разочаран, откако Лионел Месис иноќа во Милано беше прогласен за најдобар фудбалер за 2019 година.

Ван Дајк беше прв фаворит за наградата, а поради тоа сите останаа изненадени кога го прочитаа името на Меси. Сепак, по церемонијата Холанѓанецот не беше разочаран.

„Луѓето кои гласаа ја донесоа конечната одлука и јас тоа го прифаќам. Не може да ме споредите Меси и мене како фудбалери затоа што сме различни. Горд сум на себе што сум тука“, порача Ван Дајк.