Ван Дајк гласал за Меси, а Роналдо имал интересен избор (ФОТО)

Лионел Меси уште еднаш ја доби престижната награда за најдобар фудбалер за 2019 година, која му беше доделена на церемонијата на ФИФА.

Ѕвездата на Барселона доби најмногу гласови од селекторите, капитените, медиумите и навивачите, а славеше пред Вирџил Ван Дајк и Кристијано Роналдо.

Меси како капитен на Аргентина најмногу гласови му дал на Садио Мане, а потоа на Роналдо, додека трето место бил Френки де Јонг.

Интересно е и тоа што Ван Дајк гласал за Меси, па за соиграчите Мане и Мохамед Салах, додека изборот на Роналдо е сосема различен, па тој решил да не гласа за против-кандидатите, туку гласови им дал на Матијас де Лихт, Де Јонг и Килијан Мбапе.