Ужасна вест од Москва: Руски талентиран голман го удрил гром среде тренинг!

Младиот и талентиран руски голман Иван Заборавскиј се наоѓа на интензивна нега и во критична состојба, откако среде тренинг го удрил гром во местото Орехово-Зујево во московскиот регион.

Талентираниот голман кој има само 16 години имал несреќа да го погоди гром при невремето кое го зафатило московскиот регион, а тој е член на најстариот активен руски клуб Знамја Труда, кој постои веќе 110 години.

„Се случи тешка несреќа за време на тренингот. Нашиот млад голман Иван Заборавскиј го удри гром и тој сега е во критична состојба сместен на интензивна нега и се бори за живот“, објавил неговиот клуб.

Во 2016 година иста ваква несреќа се случи по која 18-годишниот голман Симонов почина на лице место.