Ужасна трагедија - над 100 загинати во немири по натпревар во Гвинеја (ВИДЕО)
Станува збор за традиционално натпреварување во чест на претседателот на Гвинеја, кој почна со контроверзии на теренот - тимот на Лабе добил два црвени картона, од кои еден бил поништен од страна на министер во Владата, а дополнително им бил досуден пенал. Ова предизвикало револт кај навивачите, кои започнале со каменување, што довело до интервенција на полицијата и ескалација на насилството.
Немирите резултирале со стотици загинати, вклучувајќи и малолетници. На социјалните мрежи се појавија потресни фотографии од тела на улиците, а локалните мртовечници веќе се преполни. Засега нема официјална потврда за точниот број на жртви, но се шпекулира дека бројката дури е и многу поголема од сто. Властите сè уште не се излезени со официјално соопштение за инцидентот, додека населението бара одговорност за трагедијата.