Ужас: Фудбалер го загубил животот во улична тепачка - го убил неговиот брат!

Од Аргентина пристигнува тажна вест за смртта на фудбалерот, Лукас Игнасио Перез кој го загубил својот живот откако бил тешко повреден од својот брат во улична тепачка.

Имено, според информациите на медиумите Перез влегол во конфликт со член на неговото семејство, а потоа ситуацијата ескалирала кога неговиот брат го удрил со скршено стаклено шише. Медиумите пишуваат дека ударот ја расекол неговата артерија на десната рака и тоа довело до значително губење на крвта.

Несреќниот голгетер кој имаше 29 години и претходно ги бранеше боите на второлигашот Алимранте бил експресно пренесен во болница, но за жал и покрај напорите на докторите да го спасат им подлегнал на повредите.

Инцидентот се случил во петокот вечерта.