„Уште го лажеме дека антената не работи за да не дознае дека Марадона е починат“

Иако поминаа девет дена од смртта на аргентинската легенда Диего Армандо Марадова, бившиот селектор на „гаучосите“ Карлос Билардо веројатно е единствениот човек на планетата кој не знае за трагичната смрт на фудбалскиот Бог, зашто семејството и понатаму ја крие оваа информација од него.

Уште кога почина Марадона минатата среда, семејството на Билардо на секој начин се обидува да ја скрие оваа информација, па сега се бара начин како да му биде соопштена во следниот период..

„На Карлос му ги згаснавме сите телевизии за да не дознае за смртта на Марадона. Тој многу го сакаше и многу ќе го здоболе ако дознае. Му пуштаме 'Нетфликс“ да гледа серии за Пабло Ескобар и го лажеме дека антената не работи за да може да гледа нормални ТВ-канали. Но, свесни сме дека порано или подоцна ќе мора да ја дознае болната вистина“, вели неговиот брат Хорхе.

Билардо му беше селектор на Марадона во 1986 година, кога Аргентина стана светски првак, а сега е одлучено неколку фудбалери предводени од Оскар Руџери да дојдат во посета и да му ја соопштат таа вест.

„Неколку играчи од таа генерација ќе се сретнат, ќе го посетат Карлос, па ќе ја проценат неговата здравствена ситуација за да најдат начин да му кажат за Диего, зашто тој гледајќи мечеви кога тогаш секако ќе дознае за Марадона“, додава Хорхе.

Инаку Билардо сѐ уште не знае за смртта на аргентинскиот фудбалер Хосе Луис Браун, кој почина уште на 12 август лани, кога бил на лечење на клиника за зависности.