Урнебес прогноза на Ибрахимовиќ за СП во Катар!

Шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ, кој се рехабилитира од повредата на најлуд можен начин даде прогноза за Светското првенство, која стана епска откако „Ле Паризиен“ ја објави за Светското првенство во Катар.

Шведска не игра на ова СП, па Ибрахимовиќ кој веќе и се повлече од националниот тим на ТВ ги гледа возбудувањата од Мундијалот, а тоа што го предвиде е урнебесно. За сè што го прашаа одговор му беше Оливие Жиру, неговиот клупски другар од Милан.

Ова е предвидувањето на Ибрахимовиќ.

НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР НА СП – Оливие Жиру

НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ НА СП – Оливие Жиру

ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА СП – Оливие Жиру

НАЈГОЛЕМ ТАЛЕНТ НА СП – Оливие Жиру

Жиру, кој има светска титула со Франција од 2018, даде два гола на стартот на одбраната на трофејот со „триколорите“ во победата со 4-1 против Австралија и се израмни со Тјери Анри на вечната листа на стрелци во Франција со 51 гол. Има 116 настапи 36-годишниот напаѓач.