Тухел е главна фаца на Островот: По Манчестер Јунајтед, доби понуда да стане селектор на Англија

Германскиот стручњак Томас Тухел за само неколку дена стана најпопуларен стручњак на Островот.

Англиските медиуми минатите недели пишуваа дека тој е главен фаворит за менаџерската позиција во Манчестер Јунајтед, а сега за него интерес покажа и Фудбалската асоцијација (ФА) која му нуди да биде селектор на репрезентација на Англија.Ерик Тен Хаг го преживеа последниот состанок на менаџментот на Јунајтед, па прашање е дали наскоро ќе се отвори можност за Тухел на клупата на Јунајтед, додека Ли Карсли е само привремено решение на клупата на англиската репрезентација и ако сака, Тухел веднаш може да се фати за работа.

Во случај да ја прифати понудата, Германецот ќе стане трет странски стручњак на клупата на англиската репрезентација и прв по Фабио Капело кој си замина со 2012 година.