Трагедија во Салвадор: Судија претепан на смрт зашто покажал жолт картон

Искусниот судија Хосе Арнолдо Амаја починал во голема трагедија што се случила на фудбалски меч во Салвадор откако фудбалери и навивачи на еден меч до претепале на смрт.

Трагедијата се случила откако Амаја откако извадил и му покажал жолт картон на еден фудбалер, кој толку се изнервирал што физички тргнал да се пресмета со него и почнал да го тепа. Но, наместо останатите да го раздвојат бесниот фудбалер од судијата, тие му се придружиле, па заедно го тепале, ама и тоа било малку па се вклучиле и навивачи.

Лекарите после хаосот веднаш интервенирале, но сѐ било предоцна. Можеле само да констатираат смрт.

„За смртта на мојот татко ми јавија телефонски, не бев на мечот, но ми кажаа дека е претепан. Еден фудбалер го удирал додека не паднал, а потоа на смрт го претепале. Полицијата не ми даде конкретни имиња и податоци за напаѓачите, поради безбедност на нашето семејство“, рекол синот на несреќниот Амаја.

Салвадор е држава која е рекордер по број на убиства.