Тинејџер бара да се откопа гробот на Марадона: Сакам да докажам дека ми е татко!

Диего Армандо Марадона почина во средата на 60-годишна возраст по срцев удар, а откако беше погребан завчера, пристигна неверојатно барање од едно 19-годишно момче, Сантијаго Лара кој бара да се откопа телото на фудбалскиот бог.

Момчето преку својот адвокат побара да се откопа телото на Марадона за да може да се направи ДНК тест, а ова не е првпат да бара тест за да докаже дека тој му е татко.

Лара наводно е шестото дете на Марадона и својата борба ја почнал уште во 2014 година, кога имал само 13 години, откако претходно неговата мајка Наталија Гарат починала и му кажала дека Диего му е татко.

„Мојата мајка ми кажа дека јас сум му син на Диего. Сакам да знам кој сум. Финансиската страна не ме интересира. Знам дека ова ќе предизвика бура во Аргентина, но ако не го направам тоа, кој ќе ми даде ДНК“, кажа Лара.