Тебас ја предупреди Барса: Ако го сакаат Нико, ќе мора да продаваат

Медиумите во Шпанија веќе пренесуваат и детали од договорот на Барселона со Нико Вилијамс, но првиот човек на Ла Лига испрати предупредување до каталонскиот гигант.

Барселона како што е познато во последниот период има проблем со регистрацијата на фудбалерите кои ги доведува, па така ќе биде изгледа и со овој преоден рок рок.

Според изјават на Тебас, Барселона ќе мора да направат простор.

„Не знам каква е ситуацијата, но Барселона и понатаму не ги исполнува условите за слободно регистрирање на фудбалери, тие не можат да работат под правилото 1:1. Ако го сакаат Нико, ќе мора да продаваат и да ги прилагодат своите сметки“, изјави Тебас.

Ќе потсетиме, пред Вилијамс Барселона се очекува да го комплетира трансферот на голманот од редовите на Еспањол, Жоан Гарсија.