Талентот на Баерн го шокираше Нагелсман - одбил да игра за Германија!
Ванер е 18-годишник кој како позајмен фудбалер од Баерн Минхен настапува за Хајденхајм каде што го привлече вниманието на себе. Токму затоа Нагелсман се одлучи да го повика, но германскиот селектор беше непријатно изненаден.
Имено, младиот фудбалер кој има настапи за селекцијата на Германија до 20 години одлучил да го одбие повикот на Нагелсман.
Германските медиуми пренесуваат дека причината е Австрија, земјата каде што Ванер е роден. Наводно, тој донел одлука да игра за оваа репрезентација. Во актуелната сезона Ванер постигна пет гола и запиша 13 асистенции за Хајденхајм.