Страшни обвиненија: Марадона ќе беше жив, ама на болничарката ѝ ги забраниле посетите?!

Поминаа девет дена откако светот остана без една од најголемите фудбалски легенди Диего Армандо Марадона, кој минатата среда почина на 60-годишна возраст, па додека светот сѐ уште го оплакува и не може да поверува дека си замина аргентинскиот великан, уште повеќе се расплеткува клопчето околу негрижата кон фудбалскиот велемајстор, па нова доза на страшни обвиненија дојдоа од адвокатот на болничарката.

Смртта на Марадона веќе се истражува, неговиот лекар Леополдо Луке е под истрага и обвинение за негрижа и лош постоперативен третман, па скоро секојдневно се појавуваат информации околу целиот хаос во двете недели откако Марадона беше отпуштен на домашно лекување по операцијата на главата до неговата смрт.

Адвокатот прво објави дека Марадона ја повредил главата откако излегол од болница, една недела пред смртта, нешто што и една од ќерките истото го посочи, а никој не му пружил помош, а сега адвокатот на болничарката која двапати го менуваше исказот откри нови детали, кои го потресоа светот.

„На неа (Дејана Жизела Мадрид – н.з.) ѝ биле дадени директиви врзани само за психијатриските лекови од страна на психијатар, а имала само еден разговор со личниот лекар на Диего, Леополдо Луке. Таа била, така да кажам, 'ослободена од обврските да биде во контакт со пациентот'“, вели адвокатот Бакве.

Дејана била ангажирана на 13 ноември, два дена откако Марадона ја напуштил клиниката „Оливос“, каде му била оперирана главата поради субдурален хематом.

„Кога таа дошла, имала нормален пристап, дури тука со Диего биле и помошни терапевти кои за него се грижеа 24 часа. Но, кога Дејана се вратила во понеделник, од терапевтите немало ни трага, ни глас. Наводно, Диего барал таа повеќе да не му доаѓа, а Дејана останала да ја сочека смената, која – никогаш не се појавила. Кога си заминала, ѝ се јавиле да се врати кај Марадона, ама да нема 'никаков контакт со него'. Значи од понеделник, Диего бил оставен сам, без присуство на медицинско лице, заклучен во соба во која едвај можел да има 'хемиско' бањање. Ниту имало дефибрилатор во куќата, ниту брза помош пред куќата“, додава Бакве.

Тој потенцира дека во последните 48 часа од животот на Марадона, постојат јасни знаци дека со срцето на славниот фудбалер нешто не било во ред, а на крајот сето тоа му пресудило. Според адвокатот највиновни се психијатарот и докторката која ѝ забранила на болничарката Дејана да се грижи за Марадона, како што би требало да биде по сите лекарски протоколи.

„Таа не отстапила да влезе во неговата соба зашто така сакала, туку зашто и било обврска според напишано упатство на надлежните лекари. Во случајов, потпишан на тоа е Агустиа Косачов, специјалист за болсети од зависности“, додал Бакве.