Според гласовите на новинарите веќе е познат освојувачот на „Златната топка“!?

Синоќа во Милано беше одржана церемонијата на ФИФА за најдобар фудбалер за 2019 година, а наградата ја доби Лионел Меси.

Меси доби најмногу гласови од страна на селекторите, капитените на репрезентациите, па зад себе ги остави Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо.

Според гласовите на новинарите Меси добил 364 бода, додека Ван Дајк има 462 бода, па медиумите пишуваат дека „Златната топка“ веќе се знае на кого ќе му припадне, а тоа е Холанѓанецот.

Да потсетиме, церемонијата за доделување на „Златната топка“ ќе биде одржана на втори декември.