Скандал во Бразил: Клубот ги допингувал фудбалерите, а тие мислеле пијат апчиња за слабеење

Голем скандал експлодира во најфудбалската земја во светот, Бразил, откако Атлетико Паранаенсе ги допингувал своите фудбалери без нивно знаење. Играчите Тијаго Хелено и Гилјермо Камачо биле допингувани со апчиња за слабеење.

Првиот човек на клубот Марио Селсо Петралја потврдил дека клубот започнал истрага за да се утврди одговорноста за допингувањето на двајцата фудбалери, сомневајќи се дека во минатото и други играчи биле допингувани со забранети супстанци. Играчите добиле хигенамин, забранета супстанца, која случи за намалување на телесната тежина.

„Ова е еден од најтешките денови на клубот во последните две децении. Нашата култура е да не ги ставаме спортистите на вакви 'третмани'“, рекол Петралја.

Хелено на 9 април падна на допинг-тест после мечот со Депортиво Толима во Купот Либертадорес, а Камачо падна 15 дена подоцна во Боливија после мечот со Хорхе Вилстерман. Двајцата сега се соочуваат со суспензија од по две години.

Атлетико минатата сезона ја освои Копа Судамерикана, а заврши како седми во бразилската Серија А.