Скандал на пријателски натпревар: Знамето на Косово превртено наопаку! (ФОТО)

На пријателски натпревар во кој Косово беше гостин на Ерменија, се случи скандал кој ги налути гостите.

Косово го доби мечот со 1-0, но резултатот беше во втор план, она што се истакнува е проблемот со знамето.

На ерменските дресови на кои ги има знамињата од двете држави, знамето на Косово е превртено наопаку.

Ерменија не ја признава независноста на Косово, па многу Косовци веруваат дека превртеното знаме не е случајно. Некои го обвинуваат и производителот на дресовите италијанскиот бренд Макрон кој е задолжен за опремата на Ерменците.