Шведска славеше над Романија, Ирска минимална против Гибралтар (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шведска успеа да слави против Романија со 2-1 во рамки на првото квалификациско коло за пласман на Европското првенство во 2020, три бода обезбеди и Република Ирска откако минимално славеше над Гибралтар со 1-0, а сигурна победа оствари и Малта со победата од 2-0 над Фарски Острови.

Шведска со голема иницијатива го започна натпреварот, а веќе по половина час игра го постигнаа и првиот гол. Робин Куаисон одлично биеше во противничката мрежа. Само седум минути подоцна, Виктор Клесон го удвои водството.

Гостинската репрезентација од притисокот се ослободи дури во вториот дел, Романците успеаја да намалат преку Клаиду Кесеру, но до крајот немаа сили да дојдат барем до бод.

Гибралтар и пружи силен отпор на Република Ирска. Атусајдерот одлично се држеше во првиот дел, но потклекна на стартот од вториот кога Џеф Хендрик го отвори резултат.

Три бода освои и репрезентацијата на Малта, која оствари сигурна победа од 2-0 над Фарските Острови. Кириан Нвоко погоди за 1-0 во првото полувреме. Фарски можеа да се вратат во игра во вториот дел, но промашија пенал. Казната стигна преку Стив Борг кој ги постави конечните 2-0.