Швајцарец му даде гол на Камерун, но не сакаше да го (про)слави (ВИДЕО)

По полувреме без голови, во кое Камерунците беа поблиску до водство, фудбалерите на Швајцарија на стартот од вториот дел поведоа во првиот меч од денешната програма на Мундијалот во Катар.

Голот го постигна напаѓачот на Монако, Брел Емболо, на асистенција на Џердан Шаќири и тоа три минути по продолжението на натпреварот. Интересно е што Емболо воопшто не славеше по затресувањето на мрежата, со оглед што е роден токму од Камерун, кад ешто се уште живее неговиот татко.

Ова е меч од групата Г, во која се уште и Србија и Бразил, чија меѓусебна пресметка е шлагворт на денот со почеток во 20 часот.