Шокантна вест: Почина 22-годишен американски фудбалер, најверојатно од - Ковид-19!

Пандемијата од коронавирусот досега однесе илјадници животи ширум светот, меѓу кои најверојатно ќе биде вброен и Брус Бикман, играч во американски фудбал на универзитетот Вашингтон стејт.

Станува збор за 22-годишно момче кое било пронајдено мртво во својот стан и тоа откако претходно се пожалил на проблеми со дишењето. На неговата адреса веднаш стигнала полицијата и брзата помош, но само да ја констатираат неговата смрт.

Фактот што пред смртта се жалел на проблеми со респираторните органи, надлежните се сомневаат дека би можел да биде жртва на коронавирусот, нешто што би требало дополнително да биде потврдено по направената обдукција.