Се налутил дека не му кажале за местенката, па си даде два автогола никој да не заработи (ВИДЕО)

Урнебес се случи на меч во Гана, во пресметката на Ашанти Голд и Интернешнл Елајс, откако фудбалер на гостите намерно си даде два гола.

Но, целиот циркус е поголем зашто наводно мечот требало да заврши со резултат 5-1 за домаќините, бидејќи бил наместен. Само што на „пациентов“ изгледа не му кажале за местенката, па откако дознал решил сите да ги зафркне, па си даде два автогола за мечот да заврши 7-0 и никој да не заработи.

Фудбалската федерација веќе започна истрага за местенката.