Само пет дена по Астори: Фудбалер во Франција почина во сон!

Само неколку денови откако капитенот на Фиорентина, Давиде Астори почина од срцев удар, нов смртен случај се случи во Франција.

Француските медиуми пишуваат дека 18-годишниот фудбалер на младиот тим на Тур, Томас Родригез бил пронајден мртов.

Организацијата на француската лига не објави повеќе детали за трагичниот настан, но се шпекулира дека фудбалерот бил пронајден мртов во својот кревет утринава.

Поради неговата смрт беше одложен натпреварот на неговиот тим против Валенсијен во Лига 2, кој требаше да се одигра денес, а на сите натпревари во Франција викендов ќе биде одржана минута молчење.