Маркез влезе во историјата како трет фудбалер со пет Мундијали (ФОТО)

Мексиканската ѕвезда Рафаел Маркез се запиша во историјата на Светските првенства, откако денеска заигра на својот петти Мундијал. Маркез доби шанса во послендите 20-на минути од мечот, во кои Мексико го стресе светот со победата против светскиот првак Германија (1-0).

Со настапот на СП во Русија, Маркез стана само третиот фудбалер во историјата кој заиграл на пет Светски првенства. Претходно вакво остварување имаа германската легенда Лотар Матеус и неговиот сонародник Антонио Карбахал.