Работел во месарница и до 25 години бил аматер, а сега игра за светскиот шампион

Фудбалот секогаш знае да изненади со неверојатни приказни, а една таква има француски репрезентативец, кој доби повик од селекторот на Франција, Дидие Дешам.

Франција ќе игра во Лигата на нации, а на списокот се најде и еден фудбалер кој не е познат, а тоа е Џонатан Клаус, кој морал да работи во месарница за да заарботи за живот.

Клаус има 29 години и досега одиграл само два меча за Франција, но сепак покажа дека може да се стигне до успехот, иако патот воопшто не е лесен.

Овој фудбалер пред две години првпат стигна во Лига 1, а претходно играше за француски нисколигаши, па никој не знаеше за неговото име.

За да преживее морал да работи во месарница, но и да дели флаери, а почнал сериозно да мисли на фудбалот пред неговиот 25. роденден.

Клаус го потпишал првиот професионален договор токму тогаш, па добил плата од 2.000 евра месечно. Сепак, кога заигра за Арминија Билефелд во втората германска лига, сè почна да доаѓа на свое место.

Одигра две сезони во германската екипа, од која втората беше во Бундеслигата, по што во 2020 година на слободен трансфер се сели во Ланс, по што прави исчекор и добива повик од Дешам.