Рабио за трансферот во Maрсеј: Можеби разочарав одредени луѓе
Се поврзуваше Рабио со повеќе клубови, а на крајот на големо изненадување одлучи кариерата да ја продолжи во клубот од неговата татковина.
Во првата изјава како фудбалер на клубот од „Велодром“, Рабио се обиде да објасни зошто потпишал за овој клуб.
„Имав одличен разговор со Бенатија (спортски директор), претседателот и тренерот, сите ми го објаснија амбициозниот проект во кој влегува клубот, па поради тоа без многу размислување се согласив. Де Зерби е фантастичен тренер, сите знаеме за што е способен“, изјави Рабио.
Во минатото Рабио беше дел од ПСЖ, тој и потекнува од школата на „светците“, па новинарите го запрашаа дали ова може да се гледа како предавство.
„Немам потреба да објаснувам ништо на никого. Го избирам тоа што е најдобро за мене и мојата кариера во тој момент. Можеби разочарав одредени луѓе, но изборот е само мој“, истакна фудбалерот.