Пријател на Влаховиќ најави голем трансфер на српскиот напаѓач
Сега на оваа тема зборуваше кондицискиот тренер на репрезентацијата на Србија, Душан Илиќ кој откри дека очекува голгетерот да заврши во Барселона.
„Според мое мислење, ќе замине во Барселона. Уште пред да дојде во Јувентус, имаше опции за Шпанија и разговараше со Атлетико Мадрид, но на крајот го избра Торино. Тоа беше понуда која беше невозможно да се одбие“, рече Илиќ.
И покрај тоа што ја сака Италија, Илиќ смета дека Влаховиќ мора да направи чекор напред во кариерата.
„Да, Душан ја почитува и ја сака Италија, затоа остана овде толку долго. Сега мора да ја освежи кариерата и да се обиде да оди понатаму“, изјави Илиќ за „Тутоспорт“