Потпиша за руски клуб, па остана без настап на СП во Катар

Полскиот репрезентативец Мачеј Рибус нема да игра на Светското првенство (СП) во Катар затоа што потпиша договор со рускиот клуб Спартак Москва.

Левиот бек на Полска како слободен играч се пресели во рускиот тим, откако претходно беше член на Локомотива Москва.

„Селекторот на полскиот национален тим разговараше со Рибус по тренинг-кампот, кој заврши во неделата. Поради моменталната ситуација во клупскиот фудбал, тој нема да биде повикан на собирот во септември, а нема да биде ниту дел од составот кој ќе игра на Мундијалот во Катар“, соопштија од Полска.