Португалците со очаен потег откако Меси ја доби наградата за најдобар играч (ФОТО)

Денеска во Милано беше одржана церемонијата на ФИФА за доделување на наградата на најдобриот фудбалер за 2019 година, која ја доби Лионел Меси.

Вечниот ривал на Кристијано Роналдо успеа да стигне до уште една престижна награда, откако собра повеќе гласови од Португалецот, но и од Вирџил Ван Дајк.

Сепак, тоа ги налути Португалците кои очајнички на Фејсбукот на фудбалскиот сојуз го крунисаа Роналдо за најдобар во историјата.