
Поранешниот селектор на Франција нов тренер на Ал-Итихад
Блан на клупата на саудискиот клуб го замени Аргентинецот, Марсело Гаљардо кој си замина на почетокот на месецот. Заминувањето на Гаљардо беше потврдено уште во мај откако не се пласираше во Азиската Лига на шампионите, но сепак остана да работи со екипата до крајот на сезоната.
Во овој клуб Блан ќе соработува со неговите сонародници, Карим Бензема и Н'Голо Канте. Блан е успешен француски фудбалер, а во текот на кариерата беше тренер на: Бордо, ПСЖ, Ал Рајан и Лион, а ја водеше и репрезентацијата на Франција.
Последниот ангажман го имаше во Лион каде што доби отказ минатиот септември откако претрпе три порази во првите четири натпревари.
Welcome to Al-Ittihad, Coach Laurent Blanc 🤝🟡⚫️ pic.twitter.com/UdBm7gB1lE
— Ittihad Club (@ittihad_en) July 13, 2024