Полуфиналните резултати се повторија по 24 години!

Франција и Хрватска во изминатите два дена закажаа финале на 21-то Светско првенство со победите во полуфиналните мечеви на Мундијалот и пресметката на „Лужники“ ќе биде реприза на возбудливото полуфинале од 1998 година во Париз.

Франција со 1-0 ја победи Белгија во првото полуфинале завчера, а вчеравечер Хрватска со 2-1 по продолженијата славеше над Англија за свое прво историско мундијалско финале. За Франција тоа ќе биде трето, по славеничкото во 1998 и загубеното на пенали во 2006.

И тоа што е интересно, првпат по 24 години во полуфинале на еден Мундијал повторно има исти резултати како разврска во битката за најважниот меч. На СП во САД во 1994 година, Бразил ја победи Шведска со 1-0, а Италија славеше против Бугарија со 2-1. Во финалето победи Бразил на пенали по реми без голови во два часа фудбал.

Оттогаш ваков расплет со исти резултати не се случил до овој Мундијал во Русија.