
Побуна во францускиот гигант: Фудбалерите одбиле да тренираат
Имено, според последните информации од Франција фудбалерите одбиле да тренираат откако Де Зерби им соопштил дека тој ден не сакал да ги тренира.
Од некоја причина Италијанецот се појавил на тренингот и им соопштил дека нема да ги тренира денес и дека ќе работат со неговиот стручен штаб, но сите во екипата тоа го одбиле.
Во целата ситуација се вмешал и спортскиот директор Мехди Бенатија кој се обидел да ја смири ситуацијата. Мароканецот во разговорот кој траел речиси еден час ги потсетил фудбалерите дека треба да ги оправдаат финансиите кои клубот ги вложува во нив, а некои се спротиставиле прашувајќи дали такво нешто би се толерирало во екипи како Баерн или Јувентус, каде што Бенатија настапуваше како фудбалер.
Инаку, Бенатија со пристигнувањето во Марсеј работи така што сака да создаде семејна атмосфера кога резултатите се добри и остро казнување по неуспесите.
По минатонеделниот пораз од Ремс на фудбалерите им било наредено да поминат ноќ во тренинг комплексот.
„Јас не го гледам своето семејство, нема ниту вие вашите“, наводно им се обратил Бенатија на фудбалерите кои останале без ден одмор во неделата и понеделникот кога се случила побуната.