
Пелистер ќе игра против Партизан, Ц. Звезда, Будуќност – преку компјутер!
Клубот ќе биде претставуван од најдобриот македонскиот еспорт репрезентативец и четиригодишен државен шампион во Е-фудбал, Давид Гаревски.
„Целта на овој проект е клубот да се натпреварува и промовира на интернационална сцена, а тоа воедно ќе биде и промоција на еспортот во Македонија и на Балканот. Еспортот е нова категорија спорт кај нас, но на меѓународно ниво е една од најпопуларните и најатрактивни спортски дисциплини, која бара многу вештина, концентрација, фокус и спортски дух. Тоа е една од спортските дисциплини на новите генерации, која со моја помош како негов амбасадор се повеќе се популаризира и промовира во државава“, изјави Гаревски.
Покрај Пелистер, Партизан, Ц. Звезда и Будуќност, во Балканската Е-спорт лига ќе учествуваат уште и Локомотива Загреб, ОФК Београд, Слобода Тузла, Марибор, НК Истра, Раднички, НК Младост и РФК Нови Сад. Средбите од ова првенство ќе бидат директно пренесувани на каналите на Арена спорт.