Пеле со ново емотивно писмо за Диего: Беше гениј што го маѓепса светот – те сакам!

Бразилскито великан Пеле беше најголемиот фивал на Диего Армандо Марадона во вечната дебата кој е најдобар на сите времиња, па седум дена откако аргентинскиот фудбалски Бог почина на 60-годишна возраст, Бразилецот вторпат напиша многу еемотивни зборови за својот голем ривал, но и голем пријател.

Марадона пред една недела почина од срцев удар и ја расплака Аргентина, ама и светот, а Пеле после смртта му порача дека еден ден заедно повторно ќе играат фудбал на небото. Сега, Бразилецот во многу подолго емотивно писмо една недела по смртта се прости од својот драг пријател.

„Денеска се седум дена откако си замина. Многумина сакаа да не споредуваат цел живот, а ти беше гениј кој го маѓепса светот. Волшебник со топка, вистинска легенда. Ама над сѐ, секогаш ќе бидеш голем пријател со уште поголемо срце. Денеска знам дека светот би бил пополн кога помалку ќе се споредувавме, а повеќе ќе се воодушевувавме едни на други. Затоа сакам да ти кажам, ти си нешто што не се споредува,.

Твојот пат ја одбележа искреноста. На свој единствен начин нѐ научи дека мора да сакаме и многу почесто да кажуваме 'те сакам'! Твоето брзо заминување не ми дозволи тоа да ти го кажам, па морам само да ти напишам – те сакам!

Мој голем пријателу, ти благодарам на целото наше патување. Еден ден, на небото, заедно ќе играме за ист тим. И тоа ќе биде прв пат кога скавенички ќе ја кренам раката во воздух на теренот без да дадам гол. Ќе го направам тоа за конечно повторно да те гушнам“, напиша Пеле.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Pelé (@pele)