Пандев и Ангеловски го утнаа најдобриот - на Меси не му дале ни еден глас

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски го не му дале ни еден глас на новиот најдобар светски фудбалер Лионел Меси во изборот денеска на ФИФА.

Пандев и Ангеловски идентично гласале, па освен за Ван Дијк во изборот своите гласови ги дале и за Садио Мане и Мохамед Салах, сите фудбалери на европскиот првак Ливерпул.