Падна нова „жртва“ во таборот Белгија по дебаклот на Мундијалот во Катар!
Фудбалерот на Реал Мадрид денеска преку социјалните мрежи објави дека повеќе нема да игра за „црвените ѓаволи“ односно дека заминува во репрезентативна пензија.
„Денеска вртам нова страница. Ви благодарам за љубовта и за поддршката. Ви благодарам за среќата уште од 2008 година. Решив да ставам крај на мојата репрезентативна кариера. Наследниците се подготвени. Ќе ми недостасувате сите“, напиша Азар.
Тој настапи на трите средби на Белгијците на СП 2022, но без речиси никаков учинок, за разлика од пред четири години во Русија, каде што на шест меча постигна три гола и имаше две асистенции. Белгија заврши како трета во групата по поразот од Мароко (0-2), ремито со Хрватска (0-0) и победата над Канада (1-0).