Новинар го обвини Ридигер дека е приврзаник на терористите од ИСИС (ФОТО)

Фудбалерот на Реал Мадрид и германски репрезентативец Антонио Рудигер и Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) поднесоа кривична пријава против германскиот новинар Јулијан Рајхелт, кој објавата на фудбалерот за Рамазан на социјалните мрежи ја поврза со - терористичката организација ИСИС.

Поранешниот директор на весникот Билд го обвини германскиот фудбалер дека ги поздравувал терористите, кои користеле сличен гест со рака за да ги прослават убиствата што ги извршиле. Ридигер на својот Инстаграм профил објави фотографија како се моли на колена со показалецот кренат во воздух.

„Среќен Рамазан на целиот муслимански свет. Господ нека ни ги прифати постот и молитвите“, напиша Ридигер на фотографијата.

Без разлика што многумина посочуваат дека терористичката организација го злоупотребува гестот на кревање на показалецот во воздух, германското МВР соопшти дека тоа треба да се сфати како верски симбол и дека не треба да претставува проблем во однос на јавната безбедност.